Thursday, June 4, 2020

4.6.2020

За денес немате активности, искористете ги следниве денови за да проверите што не ви е пратено. Доработете тоа што ви фали и испратете ми. Исто така и во понеделник и вторник ќе ве оставам да го комплетирате портфолиото. Доколку на некого не му е јасно нешто, слободно нека ме контактира. 

Wednesday, June 3, 2020

3.6.2020

1. Природни науки:
-Изберете 20 прашања од наведените и одговорете ги. Ако ги одговарате на компјутер тогаш одговорите нека бидат во друга боја, а доколку ги одговарате во тетратка, напишете го само бројот на прашањето и одговорете (не мора да го препишувате прашањето). Не заборавајте да ми ги пратите одговорите!
Подготовка за годишен тест по природни науки

Tuesday, June 2, 2020

2.6.2020

1. Македонски јазик:
-Подготовка за годишен тест - Македонски јазик - годишен (пратете ми ги одговорите)

-Останува уште утре природни науки да ви дадам подготовка за годишен.

-Во следниов документ ви се наведени сите документи со новите дати бидејќи имаше измени и полесно да си проверите што имате пратено, а што не.
Електронско портфолио - табела

-За лектирата „Сказна за Вилен“ најдов линк на интернет преку кој можете да ја испечатите книгата или да ја читате директно од таму. Доколку ја прочитате до крајот на учебната година, пополнете го наставниов лист и пратете ми го. Доколку не ја прочитате, останува како домашна работа да ја прочитате за летниот период и да го пополните листот. Пополнетиот лист ќе ми годадете во првата недела од септември.
-Лектира „Сказна за Вилен“
-Наставен лист „Сказна за Вилен“

Monday, June 1, 2020

1.6.2020

1. Математика:
-Подготовка за годишен тест (реши го и испрати ми го)

2. Техничко образование:
-Презентација за повторување по техничко (ќе ја прикачам подоцна тука)
-Во текот на денот ќе ставам квиз на едмодо да вежбате за тестот по техничко, а утре ќе ви прикачам тест на едмодо.
Препорака: Пред да го решеваш тестот, научи убаво од презентацијата и реши ги квизовите по техничко. 

Friday, May 29, 2020

29.5.2020

Денес требаше да ви дадам подготовка за годишен по природни науки, но бидејќи вчера не работевме, а вчера требаше да ви дадам подготовка за годишен по општество, денес ќе ви дадам за општество, а во понеделник за природни науки. Ова ви го пишувам за да не ве збунт датумите во електронското портфолио.
1. Општество:
-Подготовка за годишен тест (треба да ми ги пратите одговорите)

-Денес ќе имаме два часа по природни науки, ќе ви бидат потребни учебникот, рботната и тетратката. Тие ќе бидат последни часови, бидејќи натаму следува повторување на изучениот материјал и подготовка за годишни тестови. Повторувањето ќе го правиме преку презентации и квизови. 

Wednesday, May 27, 2020

27.5.2020

1. Математика: (26 - крај на учебната година)
-Следи ги упатствата  дадени во документот „Работа со податоци“

2. Работа со компјутер: (26 - крај на учебната година)
-Провери во Електронското портфолио за кои содржини треба да ми испратиш фотографии, видео или документ. Потоа провери дали истите ги имаш испратено. Истото можеш да го направиш и за другите предмети. Твоето електронско портфолио треба да биде комплетирано до 10.6.2020.

3. Физичко и здравствено образование: (26 - крај на учебната година)
-Во електронското портфолио погледни ги задачите за кои треба да испратиш фотографија, видео или документ. Треба да ми испратиш фотографија или видео за една од наведените содржини и да изработиш краток проект за една од наведените содржини. Проектот може да биде изработен и на еден А4 лист, на лист од блок, на повеќе листови споени како книга или да биде изработен во било кој компјутерски програм. Проектот треба да ги содржи најбитните, најосновните работи за избраната содржина. Сработи ги и испрати ги најдоцна до 10.6.2020.

Tuesday, May 26, 2020

26.5.2020

1. Македонски јазик: (26.5 - до крај на учебната година)
-Читај ја изразно песната „Галеб“ на стр. 138 и усно одговори на прашањата на стр. 139.
-Денес на часот по македонски јазик ќе повторуваме за материјалот од 148 до 155, а во текот на оваа седмица ќе имаш квизови за овие содржини.
-Во текот на оваа седмица повторувај го материјалот од 156 до 164. На 1.6.2020 ќе имаме час за овој материјал и во текот на таа седмица квизови за истиот.
-Годишниот тест ќе го правиме на 8.6.2020 на материјалот од 142 до 166, како и за обработените лектири, песни, раскази, приказни... (само основните работи). За да се подготвиш добро за овој тест, реши ги сите квизови.
-Ни остана за обработка уште лектирата „Сказна за детето Вилен„. Таа ќе ја обработуваме во петто одделение.

2. Музичко образование: (26.5 - до крај на учебна година)
-Одговори на барањата од овој тест „Проверка на знаењата по музичко“ (овој тест е само подготовка за годишниот тест кој ќе го правиме на 5.6.2020.
ВАЖНО: Испрати ми ги одговорите од тестот.