Thursday, June 4, 2020

4.6.2020

За денес немате активности, искористете ги следниве денови за да проверите што не ви е пратено. Доработете тоа што ви фали и испратете ми. Исто така и во понеделник и вторник ќе ве оставам да го комплетирате портфолиото. Доколку на некого не му е јасно нешто, слободно нека ме контактира. 

Wednesday, June 3, 2020

3.6.2020

1. Природни науки:
-Изберете 20 прашања од наведените и одговорете ги. Ако ги одговарате на компјутер тогаш одговорите нека бидат во друга боја, а доколку ги одговарате во тетратка, напишете го само бројот на прашањето и одговорете (не мора да го препишувате прашањето). Не заборавајте да ми ги пратите одговорите!
Подготовка за годишен тест по природни науки

Tuesday, June 2, 2020

2.6.2020

1. Македонски јазик:
-Подготовка за годишен тест - Македонски јазик - годишен (пратете ми ги одговорите)

-Останува уште утре природни науки да ви дадам подготовка за годишен.

-Во следниов документ ви се наведени сите документи со новите дати бидејќи имаше измени и полесно да си проверите што имате пратено, а што не.
Електронско портфолио - табела

-За лектирата „Сказна за Вилен“ најдов линк на интернет преку кој можете да ја испечатите книгата или да ја читате директно од таму. Доколку ја прочитате до крајот на учебната година, пополнете го наставниов лист и пратете ми го. Доколку не ја прочитате, останува како домашна работа да ја прочитате за летниот период и да го пополните листот. Пополнетиот лист ќе ми годадете во првата недела од септември.
-Лектира „Сказна за Вилен“
-Наставен лист „Сказна за Вилен“

Monday, June 1, 2020

1.6.2020

1. Математика:
-Подготовка за годишен тест (реши го и испрати ми го)

2. Техничко образование:
-Презентација за повторување по техничко (ќе ја прикачам подоцна тука)
-Во текот на денот ќе ставам квиз на едмодо да вежбате за тестот по техничко, а утре ќе ви прикачам тест на едмодо.
Препорака: Пред да го решеваш тестот, научи убаво од презентацијата и реши ги квизовите по техничко. 

Friday, May 29, 2020

29.5.2020

Денес требаше да ви дадам подготовка за годишен по природни науки, но бидејќи вчера не работевме, а вчера требаше да ви дадам подготовка за годишен по општество, денес ќе ви дадам за општество, а во понеделник за природни науки. Ова ви го пишувам за да не ве збунт датумите во електронското портфолио.
1. Општество:
-Подготовка за годишен тест (треба да ми ги пратите одговорите)

-Денес ќе имаме два часа по природни науки, ќе ви бидат потребни учебникот, рботната и тетратката. Тие ќе бидат последни часови, бидејќи натаму следува повторување на изучениот материјал и подготовка за годишни тестови. Повторувањето ќе го правиме преку презентации и квизови. 

Wednesday, May 27, 2020

27.5.2020

1. Математика: (26 - крај на учебната година)
-Следи ги упатствата  дадени во документот „Работа со податоци“

2. Работа со компјутер: (26 - крај на учебната година)
-Провери во Електронското портфолио за кои содржини треба да ми испратиш фотографии, видео или документ. Потоа провери дали истите ги имаш испратено. Истото можеш да го направиш и за другите предмети. Твоето електронско портфолио треба да биде комплетирано до 10.6.2020.

3. Физичко и здравствено образование: (26 - крај на учебната година)
-Во електронското портфолио погледни ги задачите за кои треба да испратиш фотографија, видео или документ. Треба да ми испратиш фотографија или видео за една од наведените содржини и да изработиш краток проект за една од наведените содржини. Проектот може да биде изработен и на еден А4 лист, на лист од блок, на повеќе листови споени како книга или да биде изработен во било кој компјутерски програм. Проектот треба да ги содржи најбитните, најосновните работи за избраната содржина. Сработи ги и испрати ги најдоцна до 10.6.2020.

Tuesday, May 26, 2020

26.5.2020

1. Македонски јазик: (26.5 - до крај на учебната година)
-Читај ја изразно песната „Галеб“ на стр. 138 и усно одговори на прашањата на стр. 139.
-Денес на часот по македонски јазик ќе повторуваме за материјалот од 148 до 155, а во текот на оваа седмица ќе имаш квизови за овие содржини.
-Во текот на оваа седмица повторувај го материјалот од 156 до 164. На 1.6.2020 ќе имаме час за овој материјал и во текот на таа седмица квизови за истиот.
-Годишниот тест ќе го правиме на 8.6.2020 на материјалот од 142 до 166, како и за обработените лектири, песни, раскази, приказни... (само основните работи). За да се подготвиш добро за овој тест, реши ги сите квизови.
-Ни остана за обработка уште лектирата „Сказна за детето Вилен„. Таа ќе ја обработуваме во петто одделение.

2. Музичко образование: (26.5 - до крај на учебна година)
-Одговори на барањата од овој тест „Проверка на знаењата по музичко“ (овој тест е само подготовка за годишниот тест кој ќе го правиме на 5.6.2020.
ВАЖНО: Испрати ми ги одговорите од тестот.

Friday, May 22, 2020

22.5.2020

1. Ликовно образование:
Тема: Нашите просветители Св. Кирил и Методиј
Материјал за работа по ваш избор.
(Можете портрет на просветителите да нацртате, писмо со букви ...)
ВАЖНО: Ликовната творба НЕ е задолжително да ми ја пратите.

Во текот на денот на Едмодо ќе имате квизови. Квизот по македонски јазик за вториот дел ќе го имате откако заеднички ќе повториме за тој дел.

Thursday, May 21, 2020

21.5.2020

1. Природни науки: (18 - 22.5.2020)
Следете ги упатствата дадени во документот Промена на висината на тон кај жици и кај блок флејта

2. Техничко образование:
Повторувај го материјалот и изработи ги сите останати изработки.

Wednesday, May 20, 2020

ОПШТЕСТВО

Еве ја презентацијата од денешниот час по општество. Повторувајте си од неа!
Општество - прв дел

20.5.2020

1. Општество: (18 - 22.5.2020)
-Невработеност, зависности и насилство, избери еден од овие проблеми и наведи примери за негово разрешување.
ВАЖНО: Прочитај од учебникот за првата тема „Семејство, домаќинство и општество“ од 7 до 31 стр. за да бидеш подготвен/подготвена за денешното повторување.
-Веќе го изучивме целиот материјал по општество и сега само ќе повторуваме и ќе се подготвуваме за годишен тест.

2. Физичко и здравствено образование: (18 - 22.5.2020)
- И оваа седмица имаме увежбување на елементи од ракометот (исто како минатата седмица)

3. Видеа од часот по математика „Периметар и плоштина“
Видео 1
Видео 2

Tuesday, May 19, 2020

19.5.2020

1. Математика: (18 - 22.5.2020)
-Следи ги упатствата дадени во документот „Периметар и плоштина содржини“
-Следи ја презентацијата „Периметар и плоштина„
ВАЖНО:
-Испрати ми го наставниот лист за периметар и плоштина.
-На денешниот час ќе ви објаснувам за периметар и плоштина, да се потсетиме на ученото и ќе решиме некои од овие задаачи.

Незадолжително:
-Проследи го видео часот за Плоштина на правоаголник. Иако е за петто одделение, ќе ти помогне да научиш како се пресметува плоштината на правоаголник.
-На Jetminds имаш две видеа, оди во библиотека, четврто одделение, прво полугодие, МерењеI, Периметар и Плоштина

2. Работа со компјутери:
-Истото како и минатиот час: истражувај на интернет за некоја тема (омилено животно, спорт, спортист, актер, ...), селектирај ги податоците кои ти се потребни, копирај ги и вметни ги во документ во кој сакаш програм (word, paint, power point...). Тој што нема пратено докумнт за ова, треба да ми прати.

3. Снимка од вчерашниот час по македонски јазик, кој не беше во можност да не следи, да си ги напише вежбите од видеото.
Македонски јазик - час „Повторување прв дел“

Monday, May 18, 2020

18.5.2020

1. Македонски јазик: (18 - 22.5.2020)
-Напиши 5 реченици по свој избор или избери од некој расказ. Потоа во истите реченици избери зборови (именки, придавки или глаголи) и замени ги со слични или спротивни зборови. Внимавај речениците да имаат смисла. Заменетите зборови подвлечи ги.
Пример:
1. Во шарената градина имаше многу цвеќиња.
-Во разнобојната градина немаше многу цвќиња. (Во оваа реченица заменети се: придавката - со слично значење и глаголот - со спротивно значење.
-Изразно читај го расказот „Филозоф“ на стр. 128, одговори на прашањата дадени во делот „Разговараме за расказот“ (само првите три точки), сработи го делот „Откриј ја целта“, одговори на прашањата дадени во делот „Изнеси го своето мислење“.
(прашањата не треба да ги препишуваш, напиши ги само одговорите)
-Изразно читај ја песната „Мајчиниот јазик“ на стр. 90 и во тетратката направи план (наслов на творбата, поет на творбата, вид творба, мотив (Мотив е основна мисла водилка - поттик што го тера авторот да создаде песна), поетски слики (за секоја поетска слика по една реченица или наслов), стофи, стихови, рима, препиши ги зборовите на Крсте Петков Мисирков на стр. 91. Научи ја третата строфа на памет, сними ја и испрати ми ја.

ВАЖНО: Во текот на оваа седмица повторувај за именки, придавки, лични заменки и глаголи (од 148 до 155 стр. - ќе имаш квиз на Емодо).

18.5.2020 - Во 19 часот преку ZOOM ќе имаме час по македонски јазик на кој ќе повторуваме за првиот дел од 142 до 147 стр. Сите што нема да бидат во можност да се вклучат, задолжително да го погледнат видеото и да ги сработат задачите. Видеото ќе биде објавено во фб групата.

2. Музичко образование:
-Свириме на блок флејта (вежбај свирење на блок флејта)

Friday, May 15, 2020

15.5.2020

1. Ликовно образование:
-Сликање - симетрија
*Кога зборуваме за симетрија, всушност станува збор за симетрична рамнотежа. Симетријата често ја имаме спомнувано и во математиката.
-Прочитај и разгледај ги примерите дадени во учебникот по ликовно на стр. 34 и 35 (Рамнотежа) и изработи ликовна творба со симетрија (симетрична рамнотежа). Мотивот и материјалите со кои ќе работиш избери ги сам/сама.
ВАЖНО: Испрати ми фотографија од ликовната творба.

2. Игри
СИМУЛАЦИЈА ЗА МЕРЕЊЕ ВОЛУМЕН СО МЕНЗУРА 

ИГРА – ПРОЦЕНУВАЊЕ И МЕРЕЊЕ АГЛИ

ЧАСОВНИК

МЕРЕЊЕ ДОЛЖИНА

МЕРЕЊЕ МАСА

3. Во текот на денот ќе поставам неколку квизови на Едмодо (следете)!

Thursday, May 14, 2020

14.5.2020

1. Природни науки: (11 - 15.5.2020)
-Следи ги упатствата дадени во документот Препознавање звуци со различна јачина
-Погледни ги следните видео часови без да ги извршуваш барањата дадени во нив
Звук
Создавање и мерење на звукот, како патува звукот

2. Техничко образование:
-Нацртајте 3 сообраќајни знаци во Paint, а потоа прати ми го документот.
-Повторувај го целиот материјал и подготвувај се за годишен тест.

Wednesday, May 13, 2020

13.5.2020

1. Општество: (11 - 15.5.2020)
-Проследи ја презентацијата Јавни прашања и проблеми во општината и одговори на дадените барања на последниот слајд.
-Препиши ги плановите до тетратката по општество дадени во документот Јавни прашања и проблеми план, или слично на тие планови состави свои планови или шеми.
-Во слободно време повторувај ги изучените содржини и подготвувај се за годишен тест. Тоа можеш да го правиш од тоа што го имаш запишано во тетратката или од учебникот кој го имаш во електронска форма. Годишниот тест ќе биде во јуни, а дотогаш ќе повторуваме заедно, преку презентации и квизови.

2. Физичко и здравствено образование:
-Доколку ти дозволуваат условите, вежбај фрлање и фаќање на мала ракометарска топка од под и од ѕид и додавање топка во парови.
-Еве неколку идеи
Вежби за ракомет
Ракомет 1
-Незадолжително:
Доколку сакаш да знаеш повеќе за ракометот, за правилата на играта, за формациите, за казните и сл., погледни го видео часот Ракомет (правила и игра)

Tuesday, May 12, 2020

12.5.2020

1. Математика: (11 - 15.5.2020)
-Следи ги упатствата дадени во документот „Математика содржини за работа 11 - 15.5.2020“
-Презентација „Поголеми мерки за време„
Потсетување: кога треба да одземеш повеќе секунди или минути, треба да позајмиш од минутите или часовите, исто како кога позајмуваш во одземањето поголем од помал број.
ВАЖНО: Испрати ми ја првата задача од Пресметување временски интервали, петте текстуални проблеми и  наставниот лист по математика.

2. Работа со компјутер:
-На дадените линкови прочитај повеќе за пребарувањето на Интернет. Пребарај за некоја тема која ти ја сакаш. Селектирај ги оние податоци кои ти се потребни, копирај ги и вметни ги во нов документ (во кој било програм). Документот зачувај го и прати ми го.
Како да пребаруваш на интернет?
Пребарување на интернет
Kiddle - пребарувач за деца

Monday, May 11, 2020

11.5.2020

1. Македонски јазик: (11 - 15.5.2020)
-Прочитај го текстот „Сообраќајна грешка“ на стр. 54 и следи ги барањата дадени од 54 до 56 стр. (запиши ја својата претпоставка во тетратката, одговори на сите 6 прашања на стр. 55, изврши ги двете задачи дадени на стр. 56, сработи ја јазичната вежба стр. 56)
ВАЖНО: Испрати ми фотографија од прераскажаната содржина и од јазичната вежба. (доколку можеш сработи ги овие две задачи на компјутер)
- Прочитај за „Зборови со спротивно значење“ на стр. 162 и во тетратката напиши ја првата точка од вежбата Примени.
-Потсетување - повтори од стр. 142 до 147 во петок ќе имаш квиз на Едмодо.

Незадолжително:
-Погледнете го видео часот „Зборови со спротивно значење“

2. Музичко образование:
-Вежбај да ја свириш скалата на блок флејта. На почетокот тоа нека биде само нагоре од ДО до ДО2, а потоа и надолу од ДО2 до ДО.
-На страница 9 во учебникот имаш објаснување како да ги поставиш рацете и кои дупчиња треба да бидат отворени и затворени за да ги отсвириш тоновите од ДО до ЛА. На видеата подолу можеш да видиш како се свират и тоновите СИ и ДО2.
-Погледни ги овие видеа
Свирење на C-dur скалата на блок флејта 1 (на видеото се гледа како да е десната рака горе а левата долу, да не ве збуни тоа, обратно се гледа на снимката, внимавајте: горе е левата а долу десната)
Свирење на C - dur скалата на блок флејта 2
ВАЖНО: Испрати ми снимка како ја свириш скалата нагоре и надолу, најдоцна до 31.5.2020.

Friday, May 8, 2020

8.5.2020

1. Ликовно образование:
*Следи ги упатствата во документот ЛИКОВНО.
*Избери една од овие содржини!
-Цртање: Ритам на форми и линии (дрворед, скали)
-Цртање: Средства за цртање - лавиран туш (мотиви од Екологија)
ВАЖНО: Испрати ми фотографија од ликовната творба.

ВАЖНО: Провери дали ги имаш сработено сите квизови на Едмодо (и тие што се ставени по два пати, реши ги по два пати).

Thursday, May 7, 2020

7.5.2020

1. Природни науки: (4 - 8.5.2020)
Следи ги упатствата дадени во овие документи.
-Менување на јачината на звукот - истражување
-Некои материјали го запираат звукот.

2. Техничко образование:
-Прочитај во учебникот на стр. 49, 50 и 51 (Регулирање на крстосница со сообраќајни знаци и светлосна сообраќајна сигнализација)
-Нацртај три сообраќајни знаци во тетратка, а доколку сакаш можеш да ги нацрташ во Paint. Испрати ми фотографија.
ВАЖНО: Бидејќи завршивме со материјалот (следуваат само изработки), секој ден повторувај си по дел од содржините, затоа што ќе имаме годишен тест за се што сме учеле.

Wednesday, May 6, 2020

6.5.2020

1. Општество: (4 - 8.5.2020)
-Прочитај во учебникот на стр. 78 и 79
-Погледни ја презентацијата за демократија и прочитај за лидерство.
-Направи кратки планови или шеми за двете содржини.
Демократија - презентација
Лидер - лидерство

2. Физичко и здравствено образование: (4 - 8.5.2020)
*Ракомет
-Прочитај во учебникот на 44 и 45 стр.
Погледни ги видеата и доколку имаш услови вежбај некои елементи на ракометот.
Ракомет - водење топка
Ракомет - фаќање и додавање топка во движење
Ракомет - шутирање на гол од место и од движење

Tuesday, May 5, 2020

5.5.2020

1. Математика: (4 - 8.5.2020)
-Реши ги задачите дадени во документот Текстуални задачи - зафатнина и испрати ми ги решенијата.
-Следи ги упатствата дадени во документот МАТЕМАТИКА содржини за работа
Денешните задачи по математика на стр 58 и 117, можно е кај некој да се на 18 и 20. Има некои учебници кои се постаро издание. Еве ги на слика кои задачи треба да ги решат.


-Проследи ги следниве презентации (според упатството дадено во претходниот документ)
Мерки за време - ppt
Мерки за време - pdf
Време во минути - ppt
Време во минути - pdf

2. Работа со компјутер
-Погледни ја презентацијата Презентација за деца на која ќе дознаеш нешто повеќе за интернетот и за безбедното користење на истиот.
Презентација за деца - ppt
Презентација за деца - pdf
-На следната страница истражувај, има многу интересни работи и за децата но и за родителите.

Monday, May 4, 2020

4.5.2020

1. Македонски јазик: (4 - 8.5.2020)
-Изразно читај го текстот „Мечкин Камен“ на 132 стр. и одговори на прашањата од делот „Дознавам од содржината“
-Прочитај за „Правописни знаци наводници“ на 164 стр. и препиши го делот „Каде се користат наводниците“
-Повтори го ученото од 142 до 147 стр. во учебникот. (Устени писмен говор, Народен и  стандарден јазик, Самогласки и согласки, Слог, Пренесување на дел од зборот во нов ред).

Незадолжително:
-Научи ја песната „Балада за Гоце“ на памет и доколку сакаш прати ми снимка од рецитирањето.
-Погледни го видео часот „Правописни знаци - наводници“.
-Истражувај на интернет за Гоце Делчев, битката кај Мечкин Камен, Питу Гули, Крушево, Крушевска Република, Илинденско востание и прошири ги своите знаења.
-Пронајди песни испеани за овие јунаци или за овој период од нашата историја. Прочитај ги или слушни ги.

2. Музичко: (4 - 8.5.2020)
*Слушање музика - Песни за Гоце Делчев

Thursday, April 30, 2020

30.4.2020

Граматичка вежба - преку игра повтори за глаголи, именки, придавки и лични заменки. Со влечење смести ги овие видови зборови на вистинското место. Квизот можеш да го повторуваш колку пати сакаш, а можеш и да споделиш во коментар колку поени доби бидејќи само ти ги гледаш резултатите.

Народни инструменти - со кликање на секој инструмент научи нешто повеќе за него, а потоа провери го твоето знаење преку дадениот квиз. Сподели го твојот успех со нас!

2Д и 3Д форми - преку игра повтори и провери го своето знаење за 2Д и 3Д формите.

Квиз на Едмодо за 2Д и 3Д форми. Квизот е даден  два пати. Откако ќе го решиш првиот квиз, анализирај ги грешките, научи и реши го вториот квиз.

Wednesday, April 29, 2020

29.4.2020

1. Општество:
-Прочитај за Културниот живот во општината и Симболи на локалната заедница, во учебникот на стр. 76 и 77.
-Напиши план или шема во тетратките за двете содржини и нацртај ги грбот и знамето на твојата оптина.
-За помош користи ги следните документи:
План за Културниот живот во општината - doc
План за Културниот живот во општината - pdf
План за Симболи на локалната заедница - doc
План за Симболи на локалната заедница - pdf
-Незадолжително:
Презентација за Културниот живот во општината - ppt
Презентација за Културниот живот во општината - pdf
Презентација за Симболи на локалнаѕа заедница - ppt
Презентација за Симболи на локалнаѕа заедница - pdf
Забавувај се и учи:
Квиз - Кој сака да биде милионер (општина) - ppt
Квиз - Кој сака да биде милионер (општина) - pdf

2. Техничко образование:
-Повтори за Сообраќај и Правила и прописи преку следниве презентации
Сообраќај - ppt
Сообраќај - pdf
Правила и прописи -ppt
Правила и прописи - pdf
-Изработи ја автобуската постојка

3. Музичко образование:
Мемориска игра

Tuesday, April 28, 2020

28.4.2020

1. Природни науки (27 - 30.4.2020)
*Како патува звукот - Менување на јачината на звукот

2. Физичко и здравствено образование
-Увежбувајте ги елементите на одбојката и доколку сте во можност организирајте натпревар колку пати ќе префрлите преку мрежа (јаже)
-Доколку сакате, испратете ми фотографија :)

3. Работа со компјутери
-Истражувајте во Scratch https://scratch.mit.edu/
-Доколку сакате испратете ми видео :)

Monday, April 27, 2020

27.4.2020

1. Македонски јазик (27-30.4.2020)
*Лектира „Петар Пан“
-Одговори на прашањата во наставниот лист, а потоа прати ми ги одговорите!
Петар Пан -наставен лист (doc)
Петар Пан - наставен лист (pdf)
*Песна „Балада за Гоце“
-Прочитај на стр 130 и 131 во учебникот, одговори на прашањата, запиши ја римата и препиши што е легенда.
Незадолжително:
Доколку сакаш можеш да изработиш Речник на синоними, Книга за Петар Пан или Книга за Гоце.

2. Математика (27-30.4.2020)
-Одговори на барањата во настаниот лист Мерки за маса и прати ми ги одговорите.
Мериме маса - наставен лист (doc)
Мериме маса - наставен лист (pdf)
-Проследи ја презентацијата
Мерки за зафатнина (ppt)
Мерки за зафатнина (pdf)
-Напиши го дадениот план во тетратките

-Реши ги задачите од учебникот на стр. 115
Незадолжително:
-Погледни го видеото на Jetminds - Мерни единици за течност (Библиотека, прво полугодие, мерење I)

Friday, April 24, 2020

24.4.2020

1. Македонски јазик:
-Погледни го видео часот Зборови со исто или слично значење, а активностите во него одговарај ги усно.
-Прочитај во учебникот на стр. 161 и во училишната тетратка препиши ја табелата и дополни ја, а во домашната одговори на барањата во дадената задача. Доколку сакаш во училишната тетратка напиши што се синоними и зошто ги користиме, а тоа ќе го најдеш во видео часот (10:00).

2. Математика:
-Погледни ја презентацијата Мерки за маса
-Во училишната тетратка препиши го следново

-Во учебникот на стр. 114 прочитај го објаснувањето во жолтиот дел и разгледај ги и усно одговори ги задачите.
Незадолжително: Погледни го видеото Мерни единици за маса на Jetminds (библиотека, прво полугодие, мерење I)

3. Техничко образование:
-Прочитај за Правилата и прописите за движење на пешаците во сообраќајот, во учебникот на стр. 48 и научи ги!

4. Работа со компјутери:
-Истражувај во Scratch https://scratch.mit.edu/

Thursday, April 23, 2020

23.4.2020 - дополнување

На овој линк имате интересен квиз за звукот. Резултатите ги гледате само вие и можете да го решавате повеќе пати.

23.4.2020

1. Природни науки:
Почнуваме со темата „Звук„
-Разгледај ги двете презентации и прочитај во учебникот на посочените страници. Следи ги дадените барања во презентациите.
Запознавање со звук
Гласни и тивки звуци
*Во текот на денот на Едмодо ќе го поставам квизот „Тематско повторување - Скелет и мускули“ и истиот ќе треба да го завршиш најдоцна до 3.5.2020.

2. Музичко образование:
*Повторување за ноти и паузи
-Одговори на барањата во наставниот лист. Слободно можеш да го користиш и учебникот. Потоа прати ми слика од напишаното.

Wednesday, April 22, 2020

22.4.2020

1. Општество
-Погледни ја презентацијата Комунални дејности и направи план или шема во тетратката!
Незадолжително:
-Прочитај во учебникот на стр. 75
-Погледни го видео часот.

2. Физичко и здравствено образование:
-Прочитај за одбојката во учебникот 41-43 стр. и обиди се да примениш некои елементи од одбојката во зависност од тоа колку ти дозволуваат условите дома.
-НЕ ЗАБОРАВАЈ секојдневно да ги вежбаш вежбите за обликување на телото.
-Незадолжително: погледни и примени
Видео1- долно подлактично одбивање (чекан)
Видео2- одбиванје на топка со прсти
Видео3 - долно подлактично одбивање (чекан)
Видео4 - одбивање со прсти и чекан

Tuesday, April 21, 2020

21.4.2020

1. Македонски јазик: Овие активности се за три дена!
*Расказ „Планетата Лапалапас 10“ стр. 102
-Читај го расказот и усно одговори на дадените прашања.
-Од делот „Писмени задачи по избор“ одбери една задача и напиши ја во татратката.
-Испрати ми слика од напишаното.

*Лектира „Петар Пан“ - кој ја има лектирата дома, нека ја чита. Следната недела ќе имаме наставен лист. За тие што ја немаат, еве линк:
Петар Пан и Венди


2. Математика: Овие активности се за три дена!
Препиши го ова во училишната тетратка
Мерни единици за поголеми должини m и km

Поголема мерна единица од m е km (километар).
1km=1000m

*Со метри и километри мериме поголеми должини.

Пр.            а) Должината на ѕидот од мојата соба е ______
б) Од Скопје до Куманово има околу _______
в) Зградата е висока околу _______
г) Езерото е длабоко околу_______

А потоа ова во домашната тетратка


предмет

cm
mm































Избери 5 предмети во домот, а потоа нивната должина запиши ја на два начина.

-Реши ги задачите од наставниот лист и испрати ги решенијата.
Мериме должина - doc
Мериме должина - pdf

Незадолжително:
*На Jetminds погледнете ги следниве видеа:
-Мерни единици за должина
-Периметар
кои ќе ги најдете во библиотека, прво полугодие, Мерење I. 

Thursday, April 16, 2020

16.4.2020

-Бојадисај едно јајце и прати фотографија. Развивај ја малку твојата креативност и користи разни материјали. 

Wednesday, April 15, 2020

15.4.2020

1. Македонски јазик:
-Читај ја изразно песната „Велигден“ стр. 124
-Во тетратката прво препиши ја реченицата за дијалог во делот „Го збогатувам речникот“
-Потоа писмено одговори на прашањата дадени во деловите „Разговор за содржината“ и „Досети се“ без да ги препишуваш (само одговорите напиши ги).

2. Математика:
*Мерење должини во cm и mm - повторување
Мерки за должина - pdf
Мерки за должина - ppt
Внимателно проследи ја презентацијата преку која ќе се потсетиш за мерење должина и мерни единици за должина, а потоа во училишните тетратки запиши:
Мерки за должина:
m - метар (основна единица)
dm - дециметар
cm - сантиметар (центиметар)
mm - милиметар
1m = 10dm
1dm = 10cm
1cm = 10mm
1m = 100cm
1dm = 100mm
1m = 1000mm
-Во учебникот на стр.113 прочитај го објаснувањето (жолто-обоениот дел), а потоа реши ги задачите: 1,2,3.

3. Општество
-Погледни ги презентациите за Фирми и претпријатија и Работа, вработување, денари, трговија
Фирми и претпријатија -ppt
Фирми и претпријатија - pdf
Работа, вработување, денари, трговија -ppt
Работа, вработување, денари, трговија -pdf
-Прочитај во учебникот на стр. 73 и 74
-Погледни го видео часот за Фирми и претпријатија
-Направи краток план или шема на најважните работи.

4. Физичко и здравствено образование:
-Вежбај вежби за обликување на телото.
-Натпреварувај се сам со себе - колку најмногу кошеви можеш да дадеш за одреден временски период пр. за 5 мин. или со некој член од семејството - кој ќе даде најмногу кошеви за одреден временски период пр. за 5 мин.
-Доколку можеш, испрати ми фотографија од оваа активност или кратко видео.

*ВАЖНО: Значи од денешните активности ми праќате само физичко (доколку можете).

Monday, April 13, 2020

14.4.2020

1. Македонски јазик:
-Прочитај во учебникот на стр. 156 и 157 за Броеви за приближна бројност и Пишување со зборови на повеќецифрените броеви и броевите за приближна бројност.
-Во училишната тетратка или во големата тетратка препиши ја табелата на стр. 157 и доврши ја.

2. Математика:
-Внимателно прочитај го објаснувањето за „движењето на бројаниците“ (жолтото поле) на стр.110
-Потоа реши ги 1. и 2. задача од учебник во училишната тетратка
-Стр.70 и 71 во работната тетратка

3. Природни науки:
*Повторување на темата Скелет и мускули.
-Повторувај ја темата во текот на оваа седмица, провери го самостојно твоето знаење преку дадените наставни листови, презентацијата и тематскиот тест. Можеш и усно да одговараш. Следната седмица ќе имаш Квиз - Тематски тест „Скелет и мускули“.
-На следниов линк ќе ги најдеш потребните материјали.

4. Работа со компјутер:
Истражувај со https://scratch.mit.edu/ и прави си свои програмчиња. Може да ми пратиш видео снимка од твојата креативност или снимен проект.

5. Физичко и здравствено образование:
-Ајде малку да се забавуваме - Вежбај со Талат


13.4.2020

1. Македонски јазик:
-Читај ја изразно приказната „Лисицата и волчицата“ стр. 86.
-На прашањата од делот Разговарај за содржината, одговори усно.
-Домашна работа: во делот Задача за дома
-Незадолжително: деловите Прошири ги знаењата и Запознај се со дел од биографијата на Браќа Грим

2. Математика:
-Внимателно погледни го видео часот Агли.
-Внимателно погледни го видеото Мерење агли на Jetminds (библиотека, второ полугодие, геометрија II)
-Погледни ја презентацијата за аглите и степените
Агли степени - pdf
Агли степени - pptx
-Во тетратките нацртај по еден прав, остар и тап агол и обележи ги темето и краците на секој од нив.
-Потоа прочитај го објаснувањето дадено во учебникот (жолтиот дел) на стр.111 и реши ја  1.задача.
-Реши го наставниот лист за 2Д, 3Д и агли
2Д 3Д и агли - наставен лист -pdf
2Д 3Д и агли - наставен лист - doc
ВАЖНО: Испртете ми го само наставниот лист.

3. Општество
-Погледни ги двете презентации за Економскиот живот во општината
Економскиот живот во општината1 -pptx
Економскиот живот во општината1 -pdf
Економскиот живот во општината 2 - ppt
Економскиот живот во општината 2 - pdf
-Прочитај во учебникот  по Општество на стр. 71 и 72.
-Во големата тетратка нацртај две шеми (едната за стопанските дејности, а другата за нестопанските). Истите ги има во учебникот, а ти можеш и да ги дополниш.

4. Музичко образование:
-Пеј ја песната Канон Медо и мед стр. 66

Thursday, April 9, 2020

10.4.2020

1. Македонски јазик:
-Прочитај ја изразно песничката „Поточе“ на 126 стр.
-Усно одговори на првите две барања дадени под песната, а според третото барање одлучи се дали ќе се обидеш да напишеш песничка за пролетта или будењето на пролетта ќе го претставиш преку цртеж.
ВАЖНО: Испрати ми фотографија од цртежот, а доколку пишуваш песничка, обиди се да ја напишеш на компјутер и да ми ја испратиш електронски.

2. Математика:
-Групирање 2Д и 3Д форми - настевен лист (истиот е во pdf и doc верзија). Испрати ми фотографија од сработеното.
-pdf
-doc

3. Ликовно образование:
-Пребарај на интернет некоја креативна изработка за Велигден, изработи ја и испрати фотографија.

4. Час на одделенска заедница
-Прочитај ја приказната за Јана и Семир, стави ги потребните бројчиња на сликите, прочитај го заклучокот и одговори на двете прашања. Испрати ми фотографија од сработеното.
Конфликтите се скалила - doc
Конфликтите се скалила - pdf

Wednesday, April 8, 2020

9.4.2020

1. Македонски:
-Прочитај ја народната приказна „Глушецот и жабата“ на стр. 106, еднаш со народни зборови, а вториот пат народните зборови замени ги со посочените зборови од стандардниот јазик.
-Во училишната тетратка препиши го делот „Толкување на народните зборови„ и одговори на првите две барања од делот „Ја доживувам содржината“.
-Во тетратката по домашна работа, одговори го второто барање од делот „Научи повеќе“. Пишувај со пенкало.

2. Математика:
-Погледнет ги двете презентации: 2Д и 3Д форми и Идентификување мрежи на 3Д форми,
-Погледнете го видеото на следниов линк 2Д и 3Д форми,
-Погледнете ги видеата на Jetminds: Геометриски тела и нивни мрежи и Претставување на 3Д форми (библиотека, прво полугодие, геометрија II
-Реши ги наставните листови 2Д_3Д_агли и наставен лист 2Д и 3Д форми
ВАЖНО: Испратете ми фотографија од наставните листови.

3. Природни науки:
-Погледни ги четирите презентации:
Улога на лековите - повторување
Вакцинација
Вакцинација - повеќе
Заразни болети и паразити
-Погледни го видео чаот Употреба на лекарства и одговори на барањата од вежба 1 и 2 (запри го видеото, одговори, а потоа пушти го видеото и провери дали точно си одговорил).
ВАЖНО: Испрати ми фотографија од сработените вежби.

4. Музичко образование:
-Јозеф Хајдн - Детска симфонија, слушај  ја композицијата неколку пати.
-Прочитај во учебникот на 65 стр. и препиши ги во тетратката дефинициите за инструментален состав и за оркестар.

5. Техничко образование:
-Прочитај во учебникот за Сообраќај на 46 и 47 стр.

6. Физичко: Кошарка

8.4.2020

1. Македонски јазик:
*ТВ емисии
-Прочитај за телевизиските емисии во учебникот на стр. 83
-Гледај ја ТВ емисијата „ТВ училница“ на МРТ1 во раните утрински часови и кратко прераскажи ја содржината (што гледаше, кој учествуваше, што научи)
ВАЖНО: Испрати ми фотографија од напишаното.

2. Математика:
*Симетрија
-Потсети се за симетрија и оски на симетрија во учебникот од 103 до 105 стр. (само прочитај)
-Погледни ја презентацијата Симерија на следниов линк
Симетрија
-Погледни го видеото на Jetminds за симетрија (библиотека, второ полугодие, геометрија II)
-Одговори на барањата во следниве наставните листови
Симетрија - наставни листови
Линии на симетрија - наставен лист
-Одговори на барањата во РТ на стр. 68.
ВАЖНО: Испрати ми фотографија само од наставниот лист Линии на симетрија.

3. Општество:
*Органи на општината
-Погледни ја презентацијата на следниов линк Органи на општината
-Препиши ја шемата од претпоследниот слајд во големите тетратки
-Прашањата дадени на последниот слајд одговори ги во малата тетратка, како домашна работа - со пенкало.
ВАЖНО: Испрати ми фотографија од домашната работа.

Monday, April 6, 2020

7.4.2020

1. Македонски јазик:
-Обработка на расказот „Перо со туѓи чизми на оро“ на стр. 122
-Читајте го текстот изразно и во училишната тетратка одговорете на прашањата во делот „Доживување на содржината“
-Домашна работа: Прераскажување на расказот.
ВАЖНО: Испратете ми фотографија од прераскажаното. Обидете се доколку ви дозволуваат условите, прераскажувањето да го направите на компјутер и да ми го пратите документот.

2. Математика:
-Погледнете ја презентацијата Триаголник, без да пишувате во тетратката.
Триаголник - презентација
-Прочитајте, разгледајте и усно одговорете на барањата во учебникот на стр. 101, 102
-Употребете ја геотаблата на следниов линк за да ги сработите дадените вежби од учебникот.
Геотабла
-Решете ги задачите на стр. 66 и 67 во РТ.
-Обидете се сите форми дадени на стр. 67 РТ да ги направите на геотаблата. За секој многуаголник користете зборови за да го опишете, пр. има еден прав агол, сите страни му се еднакви... и дали е правилен многуааголник (потсетете се за кои многуаголници велиме дека се правилни стр. 48)
*Геотаблата има ластичиња кои малку се скриени под главното мени долу, ако се загледате подобро, ќе ги видите, а можете и да цртате ако изберете моливче.
ВАЖНО: Испратете ми фотографија барем од еден многуаголник што сте го формирале со ластичиња или сте го нацртале на геотаблата.

3. Природни науки:
*Употреба на лекарствата
-Погледнете го видео часот Употреба на лекарствата на следниов линк
Употреба на лекарства
-Прочитај во учебникот на стр, 106 и 107 и одговори на дадените барања.

4. Работа со компјутери
-Погледнете го видео часот Изработка на едноставни програми со редоследна структура и обидете се да ја сработите домашната работа дадена во самиот видео час.
Изработка на едноставни програми со редоследна структура
ВАЖНО: Испратете ми фотографија или видео запис од домашната работа.

5. Физичко и здравствено образование
-Разгледајте и прочитајте во учебникот од стр. 37 до 40
-Погледнете ги следниве видеа и колку ви дозволуваат можностите дома или во двор изведувајте ги дадените активности. Доколку не ви дозволуваат условите, доволно е  да импровизирате кош и да вежбате уфрлување на топка во кош.
-Не заборавајте секој ден да ги вежбате вежбите за обликување на телото или зумба.
ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ Е МНОГУ ВАЖНА ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!
Кошарка 1
Кошарка 2
Кошарка 3
Кошарка 4
Кошарка 5
Кошарка 6
Кошарка 7
Кошарка 8


6.4.2020

1. Македонски јазик:
*Обработка на песната „Два облака„ стр. 118
-Читајте ја песната изразно. Во училишните тетратки напишете план (вид литературна творба, автор, мотив - за што се пее во песната, поетски слики - за секоја поетска слика по една реченица или наслов (секоја строфа не значи една поетска слика, може и неколку строфи да претставуваат една поетска слика), строфи (број), стихови (број), рима.
-Домашна работа: Изберете една поетска слика и претставете ја преку техниката прозорец (од едната страна стиховите од поетската слика, а од другата страна цртеж со кој ја претставувате поетската слика), потоа одговорете на прашањата на стр. 118 во делот „Размисли и одговори“.

ВАЖНО: Испратете фотографија и од училишната и од домашната работа.
ПРЕДИЗВИК: (незадолжително) Научете ја песната напамет, рецитирајте ја изразно и испратете аудио или видео од вашето рецитирање.

2. Математика:
*Повторување за 2Д форми
-Настеван лист 2Д форми (можете и усно да го одговорите)
-Погледнете го видеото на Јetminds за четириаголник (во библиотека, прво полугодие)
-Истражувајте ги четириаголниците на следниов линк Четириаголник (со поместување на темињата добивате различни четириаголници)
-Искористете некој од дадените листови со квадратчиња или точки за да нацртате различни видови четириаголници, на следниов линк Листови за четириаголници (незадолжително)

3. Општество:
*Локална самоуправа, општина, граѓанин
-Погледни ја презентацијата и препиши го планот на крајот од презентацијата во училишната тетратка
Општина 1 - презентација
Општина 1 (истата презентација но во друг формат - за оние кои не можат да ја отворат презентацијата)
-Истражувај за општината во која живееш на следниов линк Општина Кисела Вода

4. Музичко образование
*Народни обичаи
-Во учебникот по музичко на стр. 63 прочитај за обичаите од различните краишта и различните етнички заедници. Во училишната тетратка нацртај шема за обичаите. Истражувај на интернет за други обичаи! (незадолжително)
ВАЖНО: Испрати фотографија од шемата.

Friday, April 3, 2020

3.4.2020

1. Македонски јазик:
*Погледнете го видео часот Придавки (иако е за трето одд.). Потоа од текстот „Ни дојде цветната пролет“ стр. 110 пронајдете ги сите придавки и препишете ги во училишната тетратка.
Видео час Придавки
ВАЖНО: Пратете ми фотографија од тетратката.

2. Математика:
*Погледнете го објаснувањето на Jetminds за „Делење со 10 и 100“ без да запишувате (од библиотека изберете второ полугодие). Од понудените наставни листови изберете и  решете колку саката, а потоа решете го тестот за проверка на знаењата и самите направете проверка со каклулатор и оценете се.
ВАЖНО: Пратете ми фотографија од решениот тест и од задачите кои сте ги решиле.
Делење на трицифрен број со 10 и 100-едноминутна математика
Множење едноцифрени броеви
Множење и делење на трицифрен број со 10 и 100
Множење и делење со 10 и100
Множење и делење
Множење трицифрен број со 10и 100
Множи и дели трицифрен број со 10 и 100
Помножи а потоа провери со делење
Таблици множење
Тест - колку научив?

3. Ликовно образование:
*Изработка на плакат
(На поголем лист, на пример на лист од блок или поголем, изработете плакат на тема поврзана со природата: чист воздух, зелена планета, со актуелнава ситуација - остани дома и.т.н.)
Сите техники се дозволени.
ВАЖНО: Пратете ми фотографија од плакатот.

Thursday, April 2, 2020

2.4.2020

1. Македонски јазик:
*Обработка на песната - „Развигори“ стр. 104
-Читајте ја песната изразно. Во училишната тетратка сработете го делот „Ги толкувам стиховите“, а во домашната тетратка сработете ги деловите „Разговарам за содржината“ и „Размисли и одговори“

ВАЖНО: Испратете фотографии и од училишната и од домашната работа.

2. Математика:
Логирајте се на Jetminds и од библиотека изберете ја лекцијата „Удвојување и преполовување„ од второ полугодие. Изгледајте ја без да запишувате!
(Објаснување: Откако ќе се логирате, горе десно имате три линии. Кликнете на тие линии и ќе ви се отвори мени од каде можете да изберете библиотека. Ќе ви се појават сите содржини за 4 одделение, но за прво полугодие. Горе десно каде што пишува прво полугодие, изберете второ полугодие и подолу најдете ја лекцијата „Удвојување и преполовување“)

*На следниов линк имате игра за удвојување и преполовување.
(Објаснување: Doubles-удвојување  Halves-преполовување)
Игра „Удвојуванје и преполовување“

*Кој сака може да ги реши и овие наставни листови за удвојување и преполовување (незадолжително)
Преполовување
Удвојување
Преполовување двоцифрени броеви 2/1
Преполовување двоцифрени броеви 2/2
Удвојување двоцифрени броеви 2/1
Удвојување двоцифрени броеви 2/2
Преполовување и удвојување (текстуални задачи)

ВАЖНО: Испратете ми фотографија како ја следите лекцијата од Jetminds (да се гледа детето и Jetminds), фотографија како ја играте играта (дете+екран), фотографија или документ доколку решавате некој од наставните листови.

3. Природни науки:
Погледнете го видео часот „Раст на коските„ и повторете го веќе ученото. Во тетратката по природни науки препишете го оној дел од видеото каде што пишува „Да повториме што научивме денес“, само вие ќе ставите наслов „Раст на коските“ (10:28-од видеото)
Видео час - Раст на коските

Од следниот видео час „Како се движиме?“ кој веќе го имате гледано, препишете го во тетратките по природни науки оној дел од видеото каде што пишува „Што научивме на овој час?, само вие ќе ставите наслов „Како се движиме?“ (4:50 - од видеото)
Видео час - Како се движиме?

ВАЖНО: Испратете фотографии од тетратката за двете содржини.

4. Техничко образование:
*Изработка на кран од употребени материјали стр. 32 и 33 РТ.

ВАЖНО: Испратете ми фотографија од изработениот кран, доколку сакате може и некоја фотографија во тек на изработка.


Wednesday, April 1, 2020

1.4.2020

1. Македонски јазик:
*Обработка на расказот „Априли-ли-ли“
-читај го текстот исразно
-одговори на двете прашања од делот „Ги откривам лагите во текстот“
-за домашна работа: првото барање од делот „Создавај“

2. Математика:
*Удвојување и преполовување
Удвојување и преполовување - наставен лист

3. Општество:
*Повтори ја темата „Живеалишта и населби“ преку дадената презентација, а потоа реши го квизот на Едмодо. Прашањата кои се дадени во презентацијата усно одговори ги.
Живеалишта и населби - повторување (презентација)

Tuesday, March 31, 2020

31.3.2020

1. Македонски јазик:
*Погледни ја презентацијата  Конкретни и апстрактни именки и препиши ја во тетратките по македонски јазик.
Конкретни и апстрактни именки
*Прочитај во учебникот на стр. 148 и 149 и доколку сакаш можеш некоја од вежбите да напишеш.
*Потоа како домашна работа препиши ги барањата од презентацијата Именки - повторување и одговори ги.
Именки - повторување

2. Математика:
*Реши ги задачите од наставниот лист Удвојување двоцифрени броеви.
Удвојување двоцифрени броеви - наставен лист

3. Општество:
Повторете ја темата Живеалишта и населби, следува квиз на Едмодо.

Monday, March 30, 2020

30.3.2020

1. Македонски јазик:
*Обработка на расказот „Ни дојде цветната пролет“
-прочитајте го расказот неколку пати, а потоа во тетратката одговорете на првото прашање над расказот и барањата во делот ПРОЛЕТНИ СЛИКИ:
2. Математика:
*Удвојување двоцифрени броеви
-следете го видео часот и решете ги дадените задачи
Како се движиме - видео час
3. Природни науки:
*Како се движиме?
-следете го видео часот и одговорете на дадените прашања
Удвојување двоцифрени броеви - видео час
4. Ликовно образование:
*Израбитете првоаприлска маска

(НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ да испратите фотографии од сработените активности)

Friday, March 27, 2020

27.3.2020


1. Македонски јазик:
Обработка на песната  - В поле на орање стр. 98
*Одговори на прашањата - одговорете ги сите прашања, само второто и шестото не (втора и шеста баклава НЕ)
*Изберете една поетска слика и претставете ја преку техниката прозорец. (Цртате еден правоаголник, го делите на два дела, на едната страна ги пишувате стиховите од поетската слика, а на другата страна цртате цртеж за истата поетска слика)
*Научи ја песната напамет и изразно рецитирај ја. Обиди се да ми пратиш видео снимка од рецитирањето.

2. Математика:
Ако ги имаш решено сите задачи дадени до сега, работи на Jetminds.

3.Музичко образование:
Народно творештво - погледнете го видео часот 
https://www.youtube.com/watch?v=OK1kYIGR6CA&feature=youtu.be
-прочитајте во учебникот 59-62 стр. и изработете ја книгата како што е објаснето во видеото. Можете на бели листови А4 формат, на листови од тетратка, од блок...можете да лепите сликички ако имате печатач да отпечатите, може родителите да ги нацртаат контурните линии, а вие да продолжите. Изработената книга сликнете ја и пратете ми фотографии. Оваа активност треба да ја завршите во рок од две седмици.

4. Техничко образование:
*Изработете ја вртелешката од работната на страна 31. Видете дали во куферчето имате материјали за истата или треба сами да набавите (може обично стапче и каква било хартија). Рокот за изработка на вртелешката е една седмица. Пратете ми фотографија, а може и видео како се врти вртелешката.


Thursday, March 26, 2020

26.3.2020

1. Природни науки - погледнете ја презентацијата, а потоа сработете го наставниот лист.
Раст на скелетот - презентација
Истражување за скелетот - наставен лист

2. Математика - решавајте ги задачите од вчера и не го заборавајте Jetminds.

3. Македонски јазик - решето го квизот на Едмодо за глаголи.
(Учениците од  IV1 од ООУ Св. Климент Охридски го решаваат квизот на Едмодо, овој документ е за други ученици)
Глаголи - проверка на знаењата

Wednesday, March 25, 2020

25.3.2020

1. Работа со компјутери
Погледнете ја презентацијата и повторете за алгоритми!
Повторување за алгоритми

2. Општество
Тематски тест - проверете ги своите знаења и сами оценете се. Ова ви е подготовка за квизот на Едмодо.

3. Математика
Множење и делење - повторување
На овој лист има повеќе задачи, решавајте ги со ваше темпо, 2 -3 дена.

4. Македонски јазик
Погледнете ја презентацијата за именки и повторете, а потоа имате наставен лист да определите именки или глаголи.
Именки
Именки или глаголи - наставен лист

Tuesday, March 24, 2020

24.3.2020

Е-училница
На овој линк имате видео часови за четврто одделение.

Денес само погледнете ги, а од утре ќе одиме со конкретни активности од часовите.

Повторувајте ја последната тема по општество и повторете за глаголи и определување на времето кај глаголите, ќе имаме проверка (квиз) преку Едмодо.

Friday, March 20, 2020

20.3.2020

Дополнување
1. Англиски јазик:
https://learnenglishkids.britishcouncil.org/, корисно за вежбање на вокабулар и читање.

Бесплатни аудио книги https://stories.audible.com/discovery

20.3.2020

1. Општество
Повторете ја темата Живеалишта и населби од учебникот по општество кој го имате на следниов линк Учебник по општество (33-60), а потоа одговорете на страна 61.

2. Македонски јазик
Да повториме за глаголите! Следете ја презентацијата и одговорете на барањата на последниот слајд! Глаголи - повторување

3. Математика продолжете со https://jetminds.org/

4. Физичко и здравствено образование
Играјте Зумба со  Zumba Kids

Thursday, March 19, 2020

19.3.2020

1. Математика:
Одете на страната https://jetminds.org/
Треба да се регистрирате со име, презиме, меил (не мора ваш, може на еден родител), училиште, одделение...ќе ви бара и оценка по математика

Секој ден логирајте се на оваа страна и вежбајте математика. Почнете од почеток, од првата содржина и работете колку што можете. Многу е интересно и забавно. Искористете ја приликата што ви се нуди во овој период додека е бесплатно користењето на страната.

Tuesday, March 17, 2020

17.3.2020

1. Македонски јазик:
Читајте го расказот „Од чкорче до чекорче“ со почитување на интерпункциските знаци.
-Во тетратката препишете ги четирите барања од делот >Ги откривам причините - последиците и дополнувам< и дополнете ги!
2. Математика:
Вежби со множење
Едноминутна математика - множење со едноцифрен број (комутативно својство)
|

Monday, March 16, 2020

16.3.2020

1. Македонски јазик: Кратко прераскажете го расказот ,,Пеперутка,, и извлечете 10 глаголи за кои ќе го определите времето (сегашно, минато, идно). Доколку можете ова напишете го на компјутер користејќи ги програмите што ги знаете, потоа зачувајте го документот и прикачете го во коментар на оваа објава. Доколку не можете на компјутер, тогаш напишете во тетратка, сликајте и пратете. Ако не можете тука во коментар, пратете ми на Messenger, Viber, e-mail (bapetrusevska@yahoo.com) ... како ви е најлесно.

2. Математика:
Математичка игра со множење (меморија) https://nrich.maths.org/1252 Оставете коментар дека сте ја играле играта.

Множење - задачи со множење едноцифрени и двоцифрени броеви со автоматска проверка. https://www.mathplayground.com/multiplication01.html
Ако имате проблеми со орварање на играта, кликнете каде што пишува (enable) и ќе ви се појави ново прозорче каде што ќе треба да изберете (allow). Оставете коментар дали сте ја играле играта и напишете го вашиот резултат.

3. Природни науки:
Погледнете ја презентацијата и проширете ги вашите знаења од дадените линкови. На крајот имате видео како да направите скелет од хартија. Забавувајте се !

Презентација за скелет (копирајте го линкот и вметнете го каде што ја пишувате интернет адресата)
https://drive.google.com/open?id=128ZEqrSKgbxMCd_y1LAqFevFFIZ65U47

4. Физичко и здравствено образование:
Малку и гимнастика, практикувајте ја секој ден! https://www.youtube.com/watch?v=VNb7vUseH00

5. Англиски јазик:
Вежби за Unit 8 (копирајте го линкот и вметнете го каде што ја пишувате интернет адресата)
https://drive.google.com/open?id=1fdonC4IV9AojD4PZb1EBdEet0qcZ6pOq