Tuesday, May 12, 2020

12.5.2020

1. Математика: (11 - 15.5.2020)
-Следи ги упатствата дадени во документот „Математика содржини за работа 11 - 15.5.2020“
-Презентација „Поголеми мерки за време„
Потсетување: кога треба да одземеш повеќе секунди или минути, треба да позајмиш од минутите или часовите, исто како кога позајмуваш во одземањето поголем од помал број.
ВАЖНО: Испрати ми ја првата задача од Пресметување временски интервали, петте текстуални проблеми и  наставниот лист по математика.

2. Работа со компјутер:
-На дадените линкови прочитај повеќе за пребарувањето на Интернет. Пребарај за некоја тема која ти ја сакаш. Селектирај ги оние податоци кои ти се потребни, копирај ги и вметни ги во нов документ (во кој било програм). Документот зачувај го и прати ми го.
Како да пребаруваш на интернет?
Пребарување на интернет
Kiddle - пребарувач за деца

Monday, May 11, 2020

11.5.2020

1. Македонски јазик: (11 - 15.5.2020)
-Прочитај го текстот „Сообраќајна грешка“ на стр. 54 и следи ги барањата дадени од 54 до 56 стр. (запиши ја својата претпоставка во тетратката, одговори на сите 6 прашања на стр. 55, изврши ги двете задачи дадени на стр. 56, сработи ја јазичната вежба стр. 56)
ВАЖНО: Испрати ми фотографија од прераскажаната содржина и од јазичната вежба. (доколку можеш сработи ги овие две задачи на компјутер)
- Прочитај за „Зборови со спротивно значење“ на стр. 162 и во тетратката напиши ја првата точка од вежбата Примени.
-Потсетување - повтори од стр. 142 до 147 во петок ќе имаш квиз на Едмодо.

Незадолжително:
-Погледнете го видео часот „Зборови со спротивно значење“

2. Музичко образование:
-Вежбај да ја свириш скалата на блок флејта. На почетокот тоа нека биде само нагоре од ДО до ДО2, а потоа и надолу од ДО2 до ДО.
-На страница 9 во учебникот имаш објаснување како да ги поставиш рацете и кои дупчиња треба да бидат отворени и затворени за да ги отсвириш тоновите од ДО до ЛА. На видеата подолу можеш да видиш како се свират и тоновите СИ и ДО2.
-Погледни ги овие видеа
Свирење на C-dur скалата на блок флејта 1 (на видеото се гледа како да е десната рака горе а левата долу, да не ве збуни тоа, обратно се гледа на снимката, внимавајте: горе е левата а долу десната)
Свирење на C - dur скалата на блок флејта 2
ВАЖНО: Испрати ми снимка како ја свириш скалата нагоре и надолу, најдоцна до 31.5.2020.

Friday, May 8, 2020

8.5.2020

1. Ликовно образование:
*Следи ги упатствата во документот ЛИКОВНО.
*Избери една од овие содржини!
-Цртање: Ритам на форми и линии (дрворед, скали)
-Цртање: Средства за цртање - лавиран туш (мотиви од Екологија)
ВАЖНО: Испрати ми фотографија од ликовната творба.

ВАЖНО: Провери дали ги имаш сработено сите квизови на Едмодо (и тие што се ставени по два пати, реши ги по два пати).

Thursday, May 7, 2020

7.5.2020

1. Природни науки: (4 - 8.5.2020)
Следи ги упатствата дадени во овие документи.
-Менување на јачината на звукот - истражување
-Некои материјали го запираат звукот.

2. Техничко образование:
-Прочитај во учебникот на стр. 49, 50 и 51 (Регулирање на крстосница со сообраќајни знаци и светлосна сообраќајна сигнализација)
-Нацртај три сообраќајни знаци во тетратка, а доколку сакаш можеш да ги нацрташ во Paint. Испрати ми фотографија.
ВАЖНО: Бидејќи завршивме со материјалот (следуваат само изработки), секој ден повторувај си по дел од содржините, затоа што ќе имаме годишен тест за се што сме учеле.

Wednesday, May 6, 2020

6.5.2020

1. Општество: (4 - 8.5.2020)
-Прочитај во учебникот на стр. 78 и 79
-Погледни ја презентацијата за демократија и прочитај за лидерство.
-Направи кратки планови или шеми за двете содржини.
Демократија - презентација
Лидер - лидерство

2. Физичко и здравствено образование: (4 - 8.5.2020)
*Ракомет
-Прочитај во учебникот на 44 и 45 стр.
Погледни ги видеата и доколку имаш услови вежбај некои елементи на ракометот.
Ракомет - водење топка
Ракомет - фаќање и додавање топка во движење
Ракомет - шутирање на гол од место и од движење

Tuesday, May 5, 2020

5.5.2020

1. Математика: (4 - 8.5.2020)
-Реши ги задачите дадени во документот Текстуални задачи - зафатнина и испрати ми ги решенијата.
-Следи ги упатствата дадени во документот МАТЕМАТИКА содржини за работа
Денешните задачи по математика на стр 58 и 117, можно е кај некој да се на 18 и 20. Има некои учебници кои се постаро издание. Еве ги на слика кои задачи треба да ги решат.


-Проследи ги следниве презентации (според упатството дадено во претходниот документ)
Мерки за време - ppt
Мерки за време - pdf
Време во минути - ppt
Време во минути - pdf

2. Работа со компјутер
-Погледни ја презентацијата Презентација за деца на која ќе дознаеш нешто повеќе за интернетот и за безбедното користење на истиот.
Презентација за деца - ppt
Презентација за деца - pdf
-На следната страница истражувај, има многу интересни работи и за децата но и за родителите.

Monday, May 4, 2020

4.5.2020

1. Македонски јазик: (4 - 8.5.2020)
-Изразно читај го текстот „Мечкин Камен“ на 132 стр. и одговори на прашањата од делот „Дознавам од содржината“
-Прочитај за „Правописни знаци наводници“ на 164 стр. и препиши го делот „Каде се користат наводниците“
-Повтори го ученото од 142 до 147 стр. во учебникот. (Устени писмен говор, Народен и  стандарден јазик, Самогласки и согласки, Слог, Пренесување на дел од зборот во нов ред).

Незадолжително:
-Научи ја песната „Балада за Гоце“ на памет и доколку сакаш прати ми снимка од рецитирањето.
-Погледни го видео часот „Правописни знаци - наводници“.
-Истражувај на интернет за Гоце Делчев, битката кај Мечкин Камен, Питу Гули, Крушево, Крушевска Република, Илинденско востание и прошири ги своите знаења.
-Пронајди песни испеани за овие јунаци или за овој период од нашата историја. Прочитај ги или слушни ги.

2. Музичко: (4 - 8.5.2020)
*Слушање музика - Песни за Гоце Делчев